Грци масовно бегаат во пензија

Атина, 22 август 2014 (МИА) – Бран кандидати има за пензионирање во Грција, илјадници осигуреници брзаат да заминат во пензија поради страв од нови промени во системот за пензиско осигурување во државата, објавуваат весниците во Грција.

Весникот Етнос тврди дека 105 илјади вработени имаат намера да се пензионираат годинава и на списокот предводат вработени во државните служби. Проценките се дека таа цифра е над 35 илјади луѓе. Во останатите пензиски фондови се очекуваат барања за пензионирање за околу 70 илјади луѓе.

Пензиските фондови во Грција се во колапс, дупката во нив е над 11 милијарди евра, а кредиторите бараат од државата промени во здравствено-пензискиот систем, објавува Елефтеротипија.

Анализи покажуваат дека се подготвува масовно заминување во пензија – четворица од петмина државни службеници со 25 години стаж се подготвуваат оваа година да заминат во пензија. Експерти проценуваат дека до крајот на годината 105 илјади луѓе ќе заминат во пензија. Таа цифра е за 15 отсто повисока во споредба со лани, година која беше забележана како период на масовно заминување во пензија, наведува Имерсија.

Меѓународните кредитори бараат од државата да донесе нов закон за пензиско осигурување кој ќе стапи на сила во почетокот на идната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...