ЈП „Водовод“ Куманово работело со загуба од април до јуни

Куманово, 27 август 2014 (МИА) - Јавното претпријатие  „Воводод" во периодот од април до јуни работело со загуба од над 17,5 милиони денари. Директорот на претпријатието Горан Стојковски појасни дека најголем одлив на средства претпријатието оставрува по основ на судски пресуди за цената на водата што ова комунално претпријатие ги има кон Водостопанство „Кумановско-Липковско поле".


- Наш најголем трошок се 15 милиони и двесте илјади денари кои треба да ги платиме кон Водостопанство по однос на разлика на цена, она што ние го плаќаме и она што тие го бараа, рече Стојковски.


Тој додаде дека претпријатието, сепак, покажува покажува подобри резултати во однос на истиот период од 2013 и 2012 година.


- Акумулирани  приходи  се над 52 милиони денари што е за три милиони денари повеќе  од 2013 година истиот период. Овој приход се должи на зголемена наплата и  присуство на вработените на терен, дефектите се помали, имаме помала загуба на вода, истакна Стојковски.


Директорот на ЈП „Водовод“ Стојковски на денешната седница се заблагодари за ангажирањето на министерот за земјоделство Михаил Цветков и на пратеникот Зоран Ѓорѓиевски донесената одлука за плаќање на сировата вода по цена од 4,5 денари.


Советниците од опозицијата, пак сметаат дека иако новиот менаџерски тим прави напори за поефикасно работење на претпријатието, сепак „Водовод" работи нерентабилно и со загуби.


- Во оваа состојба,  кога претпријатието работи со загуба се примаат нови четири лица, рече советникот Јовица Станковски од ВМРО ДПМНЕ.


Стојковски потенцира дека вработени се три лица, бидејќи петмина заминале во пензија, двајца работници биле суспенирани, а еден вработен дал отказ. Советникот од ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски смета дека општата ссостојба  во која се наоѓа општината се рефлектира и на работата на ЈП „Водовод".


- Проблемите од минатото се надополнуваат, претпријатието креира загуби. И покрај тврдењето на раководството дека се преземни чекори за санација, тоа во пракса не дава видливи резултати. Се вработуваат нови лица, наместо да се врши прераспределба на постоечките вработени, рече Петковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...