Кинеските компании кои сакаат да инвестираат во Европа

треба тоа да го направат преку Македонија

Прага, 29 август 2014 (МИА) - Кина е заинтересирана за соработка со цела Централна и Источна Европа, особено со учество во изградба на железници и пристаништа во регионот. Ова го истакна кинескиот вицепремиер Џанг Гаоли на свеченото отворање на Кинескиот инвестициски форум, кој од вчера се одржува во Прага.

Паралелно е во тек и Конференција на Регионалните лидери со гувернерите на кинеските провинции кој потпишаа договор за соработка, за основање на заедничка Асоцијација на гувернерите на провинциите од Народна Република Кина и претставниците на земјите од Централна и Источна Европа, со седиште во Чешка.  На обете акции учествуваат над 1.200 делегати.

Дел од македонската делегација, предводена од министерот за странски инвестиции Бил Павлески, се градоначалникот на Скопје и претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС, Коце Трајановски и Невзат Бејта, градоначалник на Општина Гостивар, како и претставници од Министерството за економија и Одделот за странски инвестиции.

- Кинеските мултинационални компании одлучија да навлезат поагресивно во Европа преку Централно и Источно ориентираните земји како што се Чешка, Полска и други, но исто така за нив се привлечни и земјите од Балканот како поблиски до морето, особено донСолун и Атина од каде што најлесно може да транзитира стока од Кина во Европа, изјави министерот Бил Павлески за МИА.

Павлески оцени дека главниот акцент на настаните е посветен на проекти во инфраструктурата, со потенцирање на патиштата, проекти во железничката индустрија и капитални инвестиции што се нудат во енергетскиот сектор.

- При билатералните средби и моите излагања, особено внимание посветивме на прашањето дека е многу важно кинеските компании кои сакаат да инвестираат во Европа за производство на нивните стоки, тоа да го направат преку Република Македонија, подвлече Павлески додавајќи дека била потенцирана добрата бизнис клима на нашата земја, како и позитивните услови и поволната фискална политика.

Македонскиот министер, истакна дека при многубројните средби со претставници на компании забележал дека нивниот менталитет за инвестирање надвор од Кина се менува, стануваат полиберални и послободни, што според него се должи на зголемувањето на конкурентноста на новите пазари. 

Павлески, додаде дека поради високите цени на транспортот, кинеските компании се почесто се обидуваат да најдат нови начини за да бидат поблиску до нивните европски пазари, а Македонија сосема одговара за обозможување на тие услови.

Павлески остварил повеќе билатерални средби со претставници на компании кои се присутни на европските пазари и кои изразиле интерес за пренесување на нивното производство во Европа.

На одделните средби било разговарано за соработка во фармацевтската индустрија, за инвестирање во инфраструктурата, а особено бил покажан интерес за условите за тендерот за хидроцентралата Чебрен, како и за соработка во производството на електрични уреди во земјата.

Претставникот на македонската Влада остварил средби и со член на Бордот на менаџери и со сениор менаџери на автомобилските гиганти „Фолксваген“, „Шкода Ауто“ и кинеската компанија за телекомуникациска опрема „Хуавеи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...