Повеќе превезени патници во патниот и авио сообраќајот

Скопје, 29 август 2014 (МИА) - Повеќе превезени патници во патниот, градско-приградскиот и во воздухопловниот патнички превоз, евидентирал Државниот завод за статистика во  второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани. Намалување е регистрирано во железничкиот патнички превоз.

Во вториот квартал од годинава во патниот-патнички превоз се превезени 1.711.000 патници што е за 3,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2013.

Зголемување од 5,9 отсто е регистрирано во градско-приградскиот превоз, кој го користеле 22.000.000 патници.

Во воздухопловниот превоз бројот на превезените патници изнесува 349.626, или 26,2 отсто повеќе од лани.

Во железничкиот превоз се превезени 191.000 патници што е за 23,6 отсто помалку од минатата година.

Од ДСЗ информираат дека во истиот период споредено со второто тримесечје од 2013, количеството на превезената стока во товарниот-патен превоз е намалено за 1,6 отсто, во железничкиот превоз за 2,4 отсто, додека во воздухопловниот превоз има зголемување за 15,8 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...