Соработка за создавање лидери со креативни и претприемачки вештини

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Алумни Асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов (ИСЛА) и Националната  асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ) договорија соработка во реализација на проекти кои ќе создадат лидери со креативни и претприемачки способности од сите области и професии.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателите на двете асоцијациии - Александар Зафировски и Виктор Ѓорѓиески.   

Претседателот на НАПАГ Ѓорѓиески рече дека поводот за договорот е нивната заедничка мисија и заеднички цели - да придонесат за личниот и кариерниот развој на младите лица во Македонија.

- Ќе се обидеме да ја реализираме мисијата на двете асоцијации - целосно искористување на потенцијалот на најуспешните млади, кои директно ќе придонесат за развојот на државата, преку развојот на нивните лидерски, креативни, претприемачки вештини. Целта е да се задржат најквалитетните и најталентирани млади лица во Македонија, изјави Ѓорѓиески.

Претседателот на ИСЛА Зафировски очекува меморандумот да резултира со долгорочна и плодна соработка. - Пред се, на заеднички проекти на млади лидери, успешни и реализирани млади професионалци во нивните области, рече Зафировски.

Алумни Асоцијацијата на Школата за млади лидери постои повеќе од три години и има околу 150 членови, кои се активни во различни области, како надворешни работи, ЕУ-интеграции, бизнис и невладин сектор, телекомуникации...

Националната  асоцијација на престижни академски граѓани е формирана оваа година. Целта и е да го собере потенцијалот на најуспешните студенти од прв, втор и од трет циклус студии со просечен успех над 8,5 и засега има 30-ина членови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...