ЕБОР ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа

Лондон, 18 септември 2014 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа за оваа година поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија.

ЕБОР ја намали прогнозата за овогодинешното зголемување на БДП на Бугарија од 1,9 проценти во мај, на 1,5 проценти главно поради проблеми во финансискиот сектор, се наведува во коминикето.

Најголема ревизија за намалување на растот банката направила за Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи и двете земји имаа штети од поплавите на крајот на мај.

ЕБОР очекува економскиот раст на БиХ да биде 0,2 проценти, наспрема 1,8 отсто, каква што беше прогнозата во мај.

Србија најверојатно ќе падне во рецесија, при што се очекува економијата да спадне за 0,5 отсто спрема растот од еден процент при претходната приогноза.

За целиот регион банката ја преразгледала прогнозата за овогодинешниот просечен раст од 2,2 отсто до 1,9 проценти, се наведува во извештајот на финансиската институција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...