Петте нови турски инвестиции ќе вработат 700 лица

Посетата на Турција од страна на македонската владина делегација за премиерот Никола Груевски е една од поуспешните и истата дала прилично брзи резултати.

Премиерот посочи дека освен презентации во пет града, тие одржале и поединечни разговори и средби во сите градови со најмалку 10 до 15 компании кои изразила интерес за поединечни разговори во детали за нивните бизниси.

Како што рече Груевски, тие се интересирале за тоа што се произведува во Македонија, каква сировина има и слично.

-Пет турски компании веќе објавија дека ќе инвестираат во Македонија. Една од нив е од областа на земјоделските производи, односно изградба на земјоделско-дистрибутивен центар. Втората е за изработка на пластика, трета за мермерни производи, едната е за различни видови на амбалажи и петтата фабрика за медицинска опрема. Освен оваа, другите за првпат објавија инвестиции во Македонија, а фабриката за медицинска опрема сега само го кажа месецот во кој ќе инвестира, а тоа е месец октомври, истакна Груевски.

Како што истакна претседателот на македонската влада, освен овие пет инвеститори голем број на други компании во разговорите влеале голема надеж дека брзо ќе донесат и објават инвестиции во Македонија.

-Само овие пет коишто веќе ги објавија инвестициите би вработиле минимум 700 лица и би имале почетна инвестиција од 23 милиони евра. Ако и останатите реализираат инвестиции, тоа неколкукратно ќе се зголеми. Ќе стане збор за неколку илјади вработувања и за десетици милиони евра инвестиција, истакна Груевски.

Премиерот истакна дека претставници на македонската влада и економските промотори во Турција продолжуваат да соработуваат со заинтересираните инвеститори од компаниите кои се најблиску до носење на финална одлука за инвестирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...