Фискален апарат со ГПРС уред треба да воведат уште 7.833 фирми

Скопје, 2 октомври 2014 (МИА) - Еден месец пред истекот на рокот, 1.156 даночни обврзници регистрирале 1.595 фискални апарати со ГПРС уред. До 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката. 

Од Управата за јавни приходи апелираат фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со ГПРС уред.

До крајот на октомври обврзани се да се регистрираат на овој систем даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, обврзниците кои вршат угостителска дејност и бензинските пумпи. Вкупниот број на овие обврзници е 8.989 со 26.679 фискални апарати.

Другите даночни обврзници на треба да се регистрираат до 31 јануари 2015 година. Нивниот вкупен број е 39.685 со 52.975 фискални апарати.

Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.

По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со ГПРС уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...