ЕК

Македонија меѓу петте нејзагрозени ако запре рускиот гас

Брисел, 16 октомври 2014 (МИА) - Република Македонија е една од петте најзагрозени земји во Европа, доколку Русија престане да го испорачува гасот на „стариот континент“ во период од шест месеци, покажува стрес-тестот што изминатиот период го правела Европската комисија за Европската енергетска стратегија за безбедност, а што денеска го објави еврокомесарот за енергетика, Гинтер Ојтингер.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на Финска, Естонија, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија би им недостасувало најмалку 60 проценти од потребниот гас, доколку Русите го прекинат снабдувањето со овој енергенс.
 
Според објаснувањето за петте најзагрозени земји во однос на рускиот гас, Еврокомисијата вели дека во случај на прекин, во Македонија и другите што 100 отсто зависат од рускиот гас, домаќинствата целосно би биле оставени на студот. Затоа, според Брисел, овие земји треба да работат заедно, наместо да усвојуваат исклучиво национални мерки, бидејќи тогаш помалку консументи би останале без гас. Во такво сценарио, ЕК вели дека ниту едно домаќинство во Унијата не би било допрено од гасната криза.
 
Сепак, Комисијата посочува дека во Македонија е маргинална потрошувачката на гас за домаќинствата, па во своите препораки до земјата вели дека е потребно да се осигура доволна количина за снабдување со нафта за греење на пазарот, со цел да може да се направи замена (од гас на нафта) во одредени случаи.
 
- Треба да се подготви план за секој индустриски погон за редукција на гасот, а тој план потоа би се применил само во случај на итна потреба. Со оглед на тоа што во земјата уделот на индустријата во потрошувачката на гас е голем, тогаш треба да се воведе дефиниција за заштитен потрошувач за гас, што би се ограничила на домаќинствата и на чувствителниот сектор, како што е јавната администрација, гласи препораката на Брисел до Македонија во стрес-тестот за гас. Притоа, според Еврокомисијата, во Македонија би се дозволило отворање на пазарот на национално ниво за пазар со струја и гас, најмалку за потрошувачите кои не се домаќинства.
 
- Овој извештај покажува дека ние не чекаме, туку правиме се што можеме за да бидеме подготвени. За првпат, ние имаме целосна слика на ризици и можни решенија. Ако работиме заедно, покажуваме солидарност и ако ги имплементираме препораките од овој извештај, тогаш ниту едно домаќинство во ЕУ нема да биде оставено на студот во текот на зимата, истакна еврокомесарот за енергетика, Гинтер Ојтингер.
 
Според овој извештај, Европската унија во целост зависи 53 проценти од енергенсите, од кои 66 отсто од гасот. Во однос на земјите-членки, покрај горенаведените најзависни пет земји, во Европа од Источна Европа, најмалку зависни од рускиот гас се Хрватска (12 отсто) и Грција (12%).
 
Целата оваа операција, официјален Брисел ја прави по заканите дека во случај на неуспешен договор меѓу Украина и Русија за снабдувањето со гас, поради тоа што гасоводот за Европа тече низ украинската држава, тогаш можен прекин на испораката од Русија би имал сериозно влијание, пред се во земјите од Источна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...