ФЗОМ доби Сертификат за функционалност на информацискиот систем

Скопје, 21 октомври 2014 (МИА) - Сертификат за функционалност на информацискиот систем доби денеска Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на прес-конференција во Фондот на која и го врачи Серфикатот на директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова, истакна дека тој претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем во интерес на граѓаните.

- Фондот е четвртата институција која се здобива во овој сертификат после Царинската управа, Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, истакна Ивановски и им честиташе на раководството на ФЗОМ и на вработените кои изминатите шест месеци активно работеле за да ги исполнат барањата за да може Фондот да биде четвртата институција во Македонија која го добива серификатот.

Посочи дека Сертификатот за информациски системи го користат органите на државната управа при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат. Сертификацијата, појасни министерот, се состои од голем број на контроли кои произлегуваат од светски стандарди, како што е серијата ISO 27000.

- Условите за добивање на серификатот се состојат од неколку проекти: технички барања, барања кои се однесуваат на кадар со чија помош се одржува информацискиот систем, барање за оценка и управување со ризици, за доверливост на информациите и нивоата на пристап до нив... За исполнување на условите потребна е целосна посветеност на вработените бидејќи тие исполнуваат голем број стандарди за безбедност и за сигурност, рече Ивановски.

Потенцира дека следен чекор е регистрирање на институцијата во системот за размена на податоци по што ФЗОМ ќе може ефективно да го користи системот и сервисите кои ги имаат изградено.

Парнарџиева-Змејкова изрази задоволство што Фондот го добива серификатот меѓу првите државни институции и посочи дека тоа е голема заслуга на нивниот Сектор за информатика, кој изготвил 18 процедури, стратегии и политики кои понатаму ги наметнале како ментален склоп на размислување на сите 800 вработени.

- Дополнително на тоа креиравме информатички систем во изминатите неколку години со сопствени ресурси со цел да се обезбеди или подигне на највисоко можно ниво безбедноста на податоците со кои располага Фондот за здравствено осигурување. Имено, Фондот ја има една од најголемите бази на податоци и ние сме должни како институција да ги чуваме, да ги почитуваме законите за заштита на личните податоци, меѓутоа и да ги елиминираме сите можни ризици од злоупотреба на податоците, манупулација со нив или нивно губење, истакна Парнарџиева Змејкова.

Практично, нагласи таа, сите лични податоци за осигурениците, за докторите, за фирмите, за нивните платени придонеси и многу други параметри се верно лојално и доверливо чувани од страна на Фондот, а овој серификат тоа го потврдува.

Појасни дека со пет институции се он лајн поврзани постојано, а со една преку електронски медиум и овозможуваат сите барања на осигурениците да ги решаваат веднаш без при тоа да побараат документ од нивна страна да донесат на шалтер, а  да се однесува на другата институција бидејќи податоците ги обезбедуваат по службена должност.

- Засега постигнавме 70 проценти од нашата комуникација да се одвива електронски конкретно со фирмите и здравствените работници и ни останува уште мал дел од 30 проценти од нашите услуги кои согласно нашито Акциски план до пролет комплетно ќе бидат понудени за осигурениците, додаде Парнарџиева-Змејкова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...