Македонија ќе учествува на 17. Берза за археолошки туризам во Италија

Скопје, 24 октомври 2014 (МИА) - Република Македонија првпат ќе учествува на 17. Берза за археолошки туризам во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември ќе се одржува во градот Салерно.

- Станува збор за интернационален настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, преку различни активности ги претстатвуваат своите културни богатства, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици, природни богатства. Оваа година ќе учествуваат над 20 земји од цел свет, меѓу кои Аргентина, Малта, Португалија, Словенија, Хрватска, Венецуела, Романија, Азербејџан..., соопшти Управата за заштита на културното наследство, која го организира македонското претставување во Италија во соработка со национални и локални музеи и заводи, општините, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и други установи.

На Берзата за археолошки туризам во Италија Управата ќе презентира книги, брошури, видеа и друг вид промотивен материјал за македонските археолошки локалитети, цркви, градови, природни богатства, но и традиционална храна и македонски вина. Меѓу видеозаписите ќе бидат и Macedonia Timless и Wonderful Macedonia.

Берзата за археолошки туризам во Салерно почнала да се реализира од 1997 година. Секоја година има неколку илијади посетители од цел свет, стотици новинари, како и излагачи и претставници на УНЕСКО, ICCROM и други организации. Манифестацијата е комплексна и разновидна и опфаќа мноштво настани: промоција на културно и природно наследство, предавања, конференции, дискусии, продажба на туристички понуди...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...