Макстил затвора, Југохром бара ново продолжување на рокот

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) - „Макстил“ согласно предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. 

Како што информираат од компанијата производството ќе биде прекинато во погонот се до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. 

- Во претстојниот период ноември 2014 до јануари 2015 следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот Челичарница повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух, појаснуваат од компанијата.

Производството во погонот Валавница, односно испораката на лимови и задоволувањето на обврските кон купувачите ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз.

- Остануваме на нашата обврска за информирање на јавноста и во наредниот период. 

Денеска истекува продолжениот рок за имплементација на еколошките стандарди за компанијата Макстил и Југохром од Јегуновце, што ги добија од Владата во април годинава. Југохром вчера достави ново барање за пролонгирање на рокот за воведување на стандардите за две години, велат за МИА од Министерството за животна средина и просторно планирање. Барањето треба да разгледа денеска Владата на седница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...