Кинеска компанија ќе инвестира една милијарса евра во енергетски комплекс во Романија

Букурешт, 31 октомври 2014 (МИА) - Романскиот „Енергетски комплекс Олтенија“ потпиша историска спогодба со кинеската компанија „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ за создавање на компанија од мешан тим, а целта на спогодбата е изградба на енергетска група со моќност од 500 мегавати во градот Ровинари со инвестиција од една милијарда евра, пишува весникот „Романија либера“. 

Меморандумот беше потпишан во владината палата „Викторија“ во присуство на премиерот Виктор Понта и министерот за економија Константин Ница од претседателот на  „Енергетски комплекс Олтенија“, Мауренциј Дан Чурел и претседателот на „Чајна Хуадајан Еџиниринг“, Јан Јон.

Кинескиот претставник посочи дека компанијата, која ја раководи ќе биде главен претприемач и инвеститор, а целта е спроведување на еден „висококвалитетен проект“.

Тој истакна дека  „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ е заинтерсирана и за други енергетски проекти во Романија и оти во иднина планира да учествува во тие проекти. 

Премиерот Виктор Понта од своја страна го поздрави создавањето на новата компанија со заеднички капитал и изјави дека Владата ќе ги поддржи сите инвестиции за развој и модернизација на производителите на термо, хидро и нуклеарната енергија. 

Тој додаде дека оваа инвестиција, заедно со други романско-кинески проекти, кои треба да бидат спроведени, ќе достигнат вкупна вредност од седум милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...