Буџетот на општина Куманово се крати за 290 милиони денари

Куманово, 31 октовмри 2014 (МИА) - Советниците на 27-та седница на Советот на општина Куманово го изгласаа првиот ребаланс на буџетот, кој согласно законскиот рок информираат надлежните од секторот за финасиски прашања најдоцна треба да се донесе до 15. ноември. Буџетот на општина Куманово се крати за 290 милиони денари.
 
- Со овој ребаланс се врши усогласување и на приходната и на расходната страна,согласно нашите финансиски можности и состојбата во 2014-та година.Со овие измени се врши намалување на целокупниот буџет за 290 милиони денари и на тековните и на капиталните расходи, рече раководотелот на секторот за финансики прашања,Ирена Илиевска.
 
Кратење има во сите аспкети, бидејќи, појасни Илиевска, две години општина Куманово работи со блокирана жиро сметка.
 
- Имаме тековен лимит кој мора да го користиме и за да можеме да направиме реализација од 90 до 95 проценти настанува овој ребаланс,со тоа што се крати развојната програма и капиталните трошоци, изјави Илиевска.
 
Таа додаде дека станува збор за тригодишни развојни проекти кои се предвидени во буџетот и дека станува збор за префрлување на средствата од 2014 во 2015 година и потенцира дека општината не се откажува од проектите, како што се реконструкција на градинката,реконструкција на училишта, базенот. За довршување на проектот базен се кратат околу 50 милиони денари,а за улиците 52 милиони денари,13 милиони денари предвидени за плати во државната администрација,а кратење има и во трансфери за спортски клубови и културни манифестации.
 
- Новиот буџет сега изнесува милијарда 414 милиони денари, што е вкупен буџет, а општинскиот е 532 милиони денари.Тековниот лимит со кој располагаме согласно судското решение е 37 милиони денари месечно, нагласи Илиевска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...