„Сеат“ избркан од Русија

Москва, 18 ноември 2014 (МИА) - Филијалата на „Фолксваген“, „Сеат“, на почетокот на следната година ќе го напушти рускиот пазар, поради падот на вредноста на рубљата и мрачните економски предвидувања за Русија.

Од 1 јануари 2015 година, „Сеат“ ќе престане со продажба на своите возила во Русија, објави рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори во шпанскиот „Сеат“, кој е во сопственост на германскиот „Фолксваген“.

- Ваквата одлука е резултат од последиците на севкупната економска ситуација, како и промената на курсот на руската рубља, која од почетокот на оваа година изгуби една четвртина од вредноста во однос на еврото, пишува рускиот дневен весник.

Руската економија е погодена од западните санкции воведни кон Москва, поради случувањата на истокот од Украина. Како последица на тоа, продажбата на автомобили во Русија е значително опадната, па така во периодот јули-септември таа на годишно ниво е намалена за над 20 проценти.

Продажбата на „Сеат“, според пишувањето на „Комерсант“, забележала значително голем пад во периодот јануари-октомври за цели 57 проценти во однос на истиот период од минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...