Од понеделник „Отворено со катастарот“

Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) - Огромен е бројот на граѓани кои се уште не ја завршиле постапката за легализација. Главен проблем и натаму е изработката на геодетски елаборати, рече денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славчо Трпески.

Најавувајќи ја претстојната акција „Отворено со катастарот” која почнува од понеделник, 24 ноември, Трпески уште еднаш апелира да не се чека последниот ден, 31 декември 2015 година, кога завршува рокот за поднесување елаборати.

Во рамки на акцијата, секој ден од 9 до 17 часот вратите на Агенцијата и нејзините 30 подрачни одделенија низ државата ќе бидат отворени за сите граѓани кои имаат прашања и проблеми со можност да ги решат веднаш, на самото место, но и да дадат сугестии, предлози, како и идеи за подобрување на работата на катастарската служба.

- Почнуваме со градот Скопје каде акцијата ќе трае од 24 до 28 ноември. Ги повикувам граѓаните, во секој од овие денови да го посетат Центарот за катастар на недвижности, истакна Трпески на прес-конференција.

Распоредот за останатите денови на „Отворено со катастарот” е веќе поставен на веб страницата на Катастарот и во седиштата на сите општини.

Трпески потсети дека Агенцијата изминатата година воведе многу новини во своето електронско работење. Вкупно 66 отсто од аналогните катастарски планови се дигитализирани, преку електронски шалтер се поврзани сите нотари, геодетски фирми, општини, извршители.

- Денес 40 проценти од сите предмети Катастарот ги прима исклучиво по електронски пат. Агенцијата овозможи упис на цела подземна и надзмена инфраструктура и воведе други реформи кои сакаме директно, на терен, да им ги објасниме на граѓаните и на бизнис заедницата, подвлече директорот.

„Отворено со катастарот“ се спроведува седма година по ред и, како што нагласи Трпески, на почетокот, во 2007 - 2008 година кога имало преку 30.000 нерешени предмети, најчестите прашања на граѓаните биле - кога предметите ќе добијат завршница, кога ќе бидат конечно заокружени.

- Сега не е така. Прашањата не се „не ми е решен предметот“, туку се навлегува во други сфери - во тек се масовни приватизации, легализации на куќите. Прашањата на граѓаните се како да ја легализираат куќата или зошто не може да ја легализираат, како, на кој начин да се приватизира, рече директорот, додавајќи дека благодарение на реформите, минатата година е завршена со 0,2 отсто нерешени предмети. Од еден милион примени, околу 2.000 останале нерешени.

Билансот на Катастарот во моментов е 107.000 запишани граѓани, со добиен имотен лист, а вкупната бројка на поднесени барања достигна 360.000.

Како што информира директорот, од оваа недела почна и дистрибуцијата на направените елаборати, вкупно 603, за социјалните случаи кои имаат доставено вкупно 1.256 барања за легализација.

„Отворено со катастарот“ ќе се реализира во сите градови во Македонија каде што Агенцијата за катастар има свое подрачно одделение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...