Возат џипови и се луксузираат, а сметките не им се платени

Се поголем е бројот на бизнисмени кои должат многу пари, а не размислуваат да ги вратат, ниту се воопшто загрижени - возат џипови, имаат мобилни телефони од минимум 500 евра, одат на викенди и луксузни патувања. Притоа, речиси никој не им може ништо, особено ако имотот и се што поседуваат им е на име на сопругата. Во вакви случаи немоќни се и извршителите.

- Кога ќе се спомне „должник“, веднаш помислуваме на некој што нема пари леб да купи, оди искинат, со изветвени чевли и облека, ама не е секогаш така. Таа претстава треба да се смени. Исто така, денес, многу често, некој, и навистина нема леб да јаде, но има мобилен со направена сметка од 20.000 денари, бум тв, возило или џип кој се уште не му е платен, неподмирени рати за годишен одмор, викенд, екскурзија што си ги дозволил без „око да му трепне“ и плус е во минус на тековната, истакна Стојанче Рибарев, претседател на Апелацискиот суд во Штип, на средба со новинарите што ја организира Комората на извршители.

Во овој контекст, Рибарев порача дека развивањето на правната свест и правната култура кај македонските граѓани е повеќе од неопходно. Тука, клучна улога може да одиграат Организацијата на потрошувачи и адвокатите кои во најголем дел се застапници на странките во сите постапки, и во судските и во извршните.

- Граѓаните не треба да ги знаат само своите права, туку и обврските. Мора да им се укаже што ги очекува ако не го платат долгот наместо да им се сервираат приказни дека тоа може бескрајно да трае зашто не може, потенцира судијата Рибарев.

И претседателот на Комората Зоран Петрески, наведувајќи низа примери од праксата, потврди дека не е мал бројот на лицата кои, од една страна поседуваат големи имоти со оглед на месечните сметки за струја што ги прават, од 7.000 до 10.000 денари, а од друга, се должници.

Перцепцијата за извршителите непроменета

Граѓаните и натаму сметаат дека извршителите доаѓаат без никаква најава, кршат врати и земаат се што ќе најдат. Но, тоа, во суштина, воопшто не е така.

Извршителите, како што велат, многу често имаат разбирање за должниците што е на нивна сопствена штета. Постапуваат, пред се, од човечки аспект. Дозволуваат наплата на долговите и на рати иако тоа се одразува врз ефикасноста на нивното работење.

Тие не се виновни ниту за блокирање на сметките на социјалните случаи кои се изземени од извршување.

- Кога блокираме нечија сметка, не знаеме дека на неа е легната социјална помош. Откако должникот ќе донесе документ дека е социјален случај, ние веднаш бараме деблокирање на сметката и му ги враќаме сите пари, но тој сепак е оштетен зашто банката не се откажува од тарифата до 1.800 денари за деблокирање на сметките, објасни Гордан Станковиќ, член на Управниот одбор на Комората.

Извршителите укажуваат и на нелогичности во законските решенија.

- Социјалната помош не смееме да ја чепкаме, но слободно можеме да повлечеме една третина од минималната плата бидејќи законот не го препознава овој термин и го третира како секоја друга плата. Пензионерите, пак, со минимална пензија се заштитени од извршување, рече Емилија Павловска, потпретседател на Комората на извршители.

Состојба

Бројот на извршители во земјава е зголемен, а ефикасноста е намалена. Далеку сме зад стандардите кои предвидуваат еден извршител на 30.000 жители. Само во Скопје, на околу 600.000 жители, има 35 извршители.

- Во Македонија, на два милиона жители, има 99 извршители, а во Бугарија, на осум милиони, 160 извршители. Во Холандија, пак, бројот на извршители е четири до пет пати помал, посочи Петрески.

Во последно време тренд е меѓусебното договарање кое најчесто, како средство за подмирување на долгот го користат големите компании. Поради тоа се намалува и потребата од толку голем број извршители.

- Ова пред осум години беше баук, а сега е секојдневие. Должниците, најчесто поголемите правни субјекти, преку договарање со доверителите си ги намируваат обврските. Така ги избегнуваат дополнителните трошоци, додаде претседателот на Комората.

Годинава, заклучно со септември, извршителите наплатиле 400 милиони денари помалку во однос на цела 2013-та. Најмногу се „олеснети“ фирмите (2,6 милијарди денари), граѓаните (1,3 милијарди денари), а потоа и институциите (околу 370 милиони денари).

Граѓаните - најголеми должници

Според структурата, најголем број должници во земјава се физичките лица, потоа компаниите, па државните органи, вклучително и единиците на локалната самоуправа. Од општините засега, десет имаат по 500 блокади на сметките. Поднесени биле 106.602 барања за извршување од кои 11.025 од физички лица, 69.915 од правни лица и 25.662 од државни органи. Реализацијата на извршувањето е најголема во Скопје, а најмала во Кочани, Берово, Виница и Делчево.

На средбата со новинарите беше разгледан и Извештајот на Европската комисија во кој, меѓу другото, се препорачува рационализација на надлежностите на извршителите и еднаква распределба на предметите по извршители на регионално ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...