Куманово ќе одвои над 24 милиони денари за развој на социјалната заштита

Куманово,19 декември 2014 (МИА) - Над 24 милиони денари ќе одвои општина Куманово за развој на социјалната заштита за периодот 2015-2017, информираат од секторот за социјална заштита од општината.
 
Над 20 милиони денари, наменети се за  продолжување на проектот субвенционирање на трошоците за вода и ѓубре на социјално ризични категории граѓани, два милиони за покривање на трошоци за јавниот градски превоз за  стечајците ,милион и 500.000 денари за функционирањето на Дневниот центар „Порака Наша“, 700.000 денари за еднократна парична помош и 180.000 денари се одделени за проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишни установи“.
 
- Бројката на корисниците на општинските субвенции, станува збор за граѓани кои влегуваат во категорија во социјален ризик, на месечно ниво е варијабилна и износот ќе биде одреден според спецификациите доставени од јавните претпријатија. Останува да се финансира до 900 денари за потрошена вода и до 300 денари за сметките за смет, вели помошник раководител во секторот,Фросина Трајковска.
 
Програмата опфаќа три стратегии, од кои едната  за децентрализација, плурализација и деинстуционализација, стратегија за развој и јакнење на социјалната превенција и третата се однесува на вонинституционални услуги за социјална заштита. Оваа програма, информираат од секторот ќе биде доставена на разгледување до надлежното Министерство за труд и социјална политика за да се увиди дали програмата е соодветна на веќе донесената Национална програма за социјална заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...