„Етнос“: Во 2015. Грција ќе треба да враќа 22,5 милијарди евра долг кон ЕУ и ММФ

Атина, 19 декември 2014 (МИА) - Грција следната година ќе треба да го отплати долгот во износ од 22,5 милијарди евра кон Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, пишува грчкиот весник „Етнос“. 

Весникот коментира дека без разлика кој ќе биде на власт во Грција во 2015 година, тој ќе биде соочен со голем финансиски тест. 

- Следното лето за Грција ќе биде вистински кошмар, со оглед на тоа што во период од три месеци, јуни, јули и август, која влада и да дојде на власт, ќе треба да го враќа долгот кон кредиторите. А само за тие три месеци вредноста на задолжувањата е 11,5 милијарди евра. Од каде ќе ги најде тие пари?, прашува весникот.

„Етнос“ објави дека доколку во Грција бидат одржани предвремени парламентарни избори во февруари и Алексис Ципрас стане премиер, уште со самото доаѓање на власт неговата влада ќе треба да плати 2,1 милијарда евра на ММФ и 1.9 милијарди за камати, односно вкупно четири милијарди евра.

- Следуват уште плаќања, при што вкупната сума на задолжувања, ќе достигне 22,5 милијарди евра, додава „Етос“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...