Капкон ќе инвестира 18 милиони долари

и ќе отвори 400 работни места

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) – Американската компанија од автомобилската индустрија Капкон аутомотив технолоџис ќе инвестира 18 милиони долари и ќе отвори 400 нови работни места во индустриската зона во Скопје. Во фабриката ќе се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња наменети за извоз на европскиот пазар. Производството се планира да почне во вториот квартал следната година.

Договорите за реализација на инвестицијата ги потпишаа денеска во Скопје претставници на македонската Влада и на компанијата Капкон.

Алиел Хач, главен извршен директор во „Капкон“, најави дека ќе инвестираат во изградба на најсовремен капацитет со високософистицирани производствени линии со цел да обезбедат производство и испорака на  висококвалитетни производи за своите клиенти во Европа.

- Капкон го избра Скопје за свој дом за деловните активности и производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има и инженерска поддршка во овој капацитет, рече Хач по потпишувањето на Договорот.

Според Хач, првично биле привлечени за инвестирање од ниските трошоци и даноци и талентираната и квалификувана работна сила, но конечната одлука ја донеле како резултат на напорите на  Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, предводени од заменикот министер за економија Кристијан Делев. Лично ја посетил Македонија неколку пати и, како што рече, согледал дека духот за соработка  помеѓу сите владини и приватни институции е на високо ниво и оти ентузијазмот и подготвеноста за напредок и пораст се очигледни насекаде.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека компанијата Капкон од денеска на мапата на производни центри кои се наоѓаат насекаде низ светот во земји како што се САД, Кина, Мексико, Италија, Германија, Тунис, Бразил и Индонезија ја стави и Република Македонија.

- Станува збор за вредна инвестиција од 18 милиони долари со која ќе се вработат 400 лица во објект којшто во зоната во Скопје ќе биде оперативен до крајот на вториот квартал од 2015 година. Целото производство кое што се состои од инфлатори за воздушни перничиња е наменето за пазарите во Западна и Источна Европа. Сите овие податоци укажуваат на важноста на инвеститорот којшто од голем број инвестициски дестинации ја одбра токму Македонија, оцени Ставрески.

Со „Капкон“, информира, разговаравме и за можноста и нивна ориентација  е во иднина и тие да најдат македонски партнер којшто ќе снабдува дел од материјалите што се потребни за нивното производство.

Новата инвестиција, според Ставрески, целосно се вклопува во намерите на македонската Влада да се привлечат глобални реномирани компании кои ќе направат значајни промени во македонската економија. - Тие промени веќе се случуваат. Во зоните од страна на глобалните компании кои инвестираа отворени се над 11.000 работни места досега, а од најавените странски инвестиции кои со сигурност ќе се реализираат во наредниот период се очекуваат уште 13.000 работни места, посочи вицепремиерот Ставрески.

Благодарение на новите инвестиции во зоните во Македонија, нагласи, сега се произведуваат производи со повисока додатна вредност, како автобуси, машини, електрична опрема и слично.

Кумулативниот извоз од фабриките во зоните до крајот на ноември достигна милијарда и 62 милиони евра, а според Ставрески тој извоз е во рапиден пораст и ќе  продолжи и во следниот период. - Околу 55 проценти е зголемувањето на извозот годинава, споредено со минатата година. Тоа ни дава уверување дека и во иднина ќе имаме позитивен тренд во трговската размена и оти  Македонија со извозот ќе постигнува добри резултати и во времиња кога во европската економија економските состојби не се толку добри,  рече Ставрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...