„Фајненшл тајмс“:

Грција и Европа треба да постигнат компромис

за да се избегне евентуален „грегзит“

Атина, 13 јануари 2015 (МИА) - Доверителите на Грција треба сериозно да размислат за барањето на партијата Сириза за преструктуирање на грчкиот долг, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во статија насловена „Грција и Европа треба да постигнат компромис за да се избегне евентуален грегзит (grexit)“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во текстот, што го пренесуваат повеќе грчки медиуми, се вели дека спротивно на претходните избори во Грција во мај и јуни 2012 година, централната дебата сега не е за излегување на земјата од еврозоната, туку како новиот премиер по изборите на 25 јануари ќе договори компромис со кредиторите за следната фаза од програмата за спас на земјата.

Ако Алексис Ципрас и неговата Сириза победат на изборите, „би било логично европските кредитори да им понудат некој морков во замена за стапот на ММФ и ЕУ“, пишува весникот. Доверителите сепак ќе треба исто така јасно да покажат дека финансиската поддршка ќе продолжи да зависи од искрениот и активен напор за реформи од страна на Грција.

За возврат, тие ќе треба да го направат својот надзор на тие напори помалку нападен, со оглед на незадоволството на грчкото население кое речиси пет години смета дека живее под странски казнен режим. Тие може да дозволат пониски цели за грчкиот примарен фискален суфицит и да му дозволат на Ципрас да ја зголеми минималната плата, но за помалку од 50 отсто колку што тој предлага, коментира „Фајненшл Тајмс“.

Според весникот, најважно од се е доверителите сериозно да го разгледаат повикот на Сириза за преструктуирање на долгот. Можеби, со оглед на политичките состојби во Германија и другите земји доверители, безнадежно е да се зборува за дарежливо намалување на номинална вредност на грчкиот долг кој изнесува 175 милијарди евра, во замена за цврсти заложби за економски реформи од страна на влада предводена од Сириза.

- Но, ако секоја страна може да ги направи потребните компромиси, кој знае колку време тие би можеле да го делат истиот хотел?, заклучува „Фајненшл Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...