Работиме максимално за санирање на штетите од поплавите

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Се прибираат информациите за настанатите штети од излевањето на реките по обилните врнежи што деновиве ја зафатија Македонија. Општинските комисии потоа ќе ги достават до Владата, а ние ќе постапиме согласно законските прописи. Најважно е дека ќе им помогнеме на сите оние на кои тоа им е најнеопходно, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на проектот за подготовка на Платежната агенција за акредитирање за нова ИПАРД мерка, Цветков напомена дека причина за излевањето се обилните врнежи, независно колку се исчистени каналите.  

- Мора да бидеме реални. Не е проблемот што не се исчитени каналите, туку што има обилни дождови. Решавањето на ова прашање бара средства и време.  Владата во овој правец ќе вложи максимални напори за да помогне. Поплавите не се случуваат само во Македонија, туку воопшто и во соседството, но и во САД. Тоа се природни појави кои не можеме да ги контролираме, но можеме да помогнеме, нагласи министерот. 

Тој информира дека веќе е даден налог за чистење на одреден потег кај Црна Река.  

- Согласно Програмата годинава ќе бидат исчистени 140 километри каналска мрежа од кои околу 15 километри се во Пелагонија. Оваа активност на Министерството ќе се реализира според предвидената динамика, како и секоја година, потенцира Цветков. 

Во врска со евентуално порано исплаќање на субвенциите поради поплавите, министерот рече дека допрва ќе се разговара откако претходно ќе се согледа состојбата во целост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...