Не се одземаат средства за бањско - климатска рекреација

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) - Не се врши кратење или одземање на средства од посмртнина за бањско-климатска рекреација на пензионерите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 

Спасов, кој одговараше на пратеничко прашање на Љубица Буралиева, побара од неа да ги достави на проверка документите од осумте семејства за кои тврди дека им биле одземени 4.500 денари од посмртнината.

- Тоа се манипулации и невистини за еден навистина позитивен проект, изјави Спасов додавајќи дека на сега распишаниот конкурс се пријавиле 9.000 пензионери.  

Пратеничката Буралиева, која исто така позитивно го оцени овој проект на МТСП, рече дека ќе ги достави документите од семејствата за да се провери зошто биле одземени тие средства. 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави оти се бара решение за исплаќање на декемвриската плата на вработените во Македонската радио телевизија и појасни дека поради извршно решение е блокирана сметката на ова јавно претпријатие.   

Ставрески, кој рече дека со раководството на МРТВ се работи на решавање на проблемот, одговараше на прашање поставено од пратеничката Буралиева. 

- Од раководството на МРТВ Владата беше информирана за состојбата која што се однесува на ситуација поврзана со стара тужба направена како акт од претходното раководство, значи не од актуелното раководство во МРТВ, датира од порано, и кое што на извршно решение предизвикува блокада на сметката на МРТВ. Од тие причини секој прилив на средства било предмет на таа блокада. Значи, не се работи за неможност да се трансформираат средства, напротив Владата соодветно на Буџетот за 2015 има предвидено во вид на дотација или трансфер до МРТВ, донесена е одлука, помината е на Влада и се бара решение за овој конкретен случај како да се изнајде решение тие средства да бидат искористени во функција на работењето на МРТВ, изјави вицепремиерот.

Рече дека очекува во наредните денови да се изнајде решение за овој проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...