Поддршка од 35 милиони денари за извоз на флаширано вино и земјоделски преработки

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Нови 35 милиони денари финансиска поддршка од Владата се обезбедени годинава за винариите и земјоделските преработувачки претпријатија кои ќе ги искористат за зголемување на квалитетот на производот и на извозот на флаширано вино и на земјоделски производи во амбалажа. Програмата се спроведува неколку години. Има позитивно влијание и за компаниите и за девизниот прилив и придонесува за континуиран раст на извозот.  

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на маркетинг на земјоделски производи за 2015 која  е фокусирана кон винариите и земјоделските компании кои извезуваат на странски пазари преработени производи во амбалажа. 

- Фокусот е зголемување на квалитетот на земјоделските производи пред се во инвестиции во покривање на трошоците што ги прават домашните компании во поглед на изработка на амбалажата.  На тој начин ќе се влијае на тој степен на додадена вредност кој обезбедува и повисок профит за самите компании, бидејќи амбалажираниот производ има повисока цена на пазарите во странските земји, а да се мотивира и развој на технологијата на производство на компаниите што ќе има ефект и на останатите сектори што се поврзани со земјоделското произвоДство, изјави портпаролот Ѓорѓиев. 

За финансиска поддршка на огласите што е предвидено да се објават може да се пријават сите домашни земјоделски компании кои планираат да ги продадат своите производи на странските пазари. 

Ѓорѓиев истакна дека најзначајни ќе бидат винариите кои ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од трошоците за амбалажата на флашираното вино за извоз до 20 проценти од вкупната вредност на направени трошоци за амбалажа на извезено флаширано вино, односно до 6 денари по извезено шише вино. - Со овие средства се помага извозот на флаширано вино со квалитетна и препознатлива амбалажа односно за направени трошоци за стаклено шише, затворачи, етикети и друго, истакна портпаролот.

Во фокусот, како што додаде, ќе бидат и земјоделските компании  каде помошта за трошоци за амбалажа на извезен преработен земјоделски производ се однесува на производи од конзервната индустрија кои се извезуваат во стаклена амбалажа. Помошта ќе се исплаќа во висина до најмногу 4 денари по килограм извезен производ и е наменета да покрие дел од трошоците за стаклена амбалажа, капак, етикети и друго.

Според Ѓорѓиев мерката има позитивно влијание и на компаниите и на девизниот прилив.  

- Мерката се спроведува неколку години и  даде позитивни резултати. Самите домашни компании ја оценуваат како добра и сметаат дека треба да продолжи. Минатата година беа алоцирани 27,5 милиони денари, а годинава со нешто повисок износ. Цениме дека со овие финансиски средства ќе се обезбеди дополнителен позитивен тренд во рамките на овие два сектора, изјави владиниот портпарол. 

Според Ѓорѓиев ова се гледа и од континуираниот раст на извозот на флаширано вино и амбалажирани преработени земјоделски производи. Како што рече, во 2014 година првпат од 2001 година е исполнета целокупната квота за извоз на флаширано вино во земјите на ЕУ и оти целокупната квота е исполнета заклучно со 8.12.2014 година. - Ова дава силен показател дека работите одат во позитивен правец во однос на извозот на флаширано вино. Во 2014 година во споредба со претходната година имаме раст на флашираното вино по обем за 34 проценти, а по вредност за 48 проценти. Кај земјоделските производи кои се амбалажираат и се продаваат на странските пазари има континуиран повеќегодишен тренд на раст на извозот и по обем и по вредност над 10 проценти, рече Ѓорѓиев.  

Тој додаде дека мерката е препознаена како корисна за компаниите и ја искористуваат затоа што имаат економски интерес. Во 2012 и 2013 година финансиската поддршка за виното изнесувала 38,7 милиони денари. Пласирани се средства кон 25 домашни винарии и поддржани се над 16 милиони шишиња флаширано вино, што, како што рече портпаролот, има позитивен импакт за компаниите што ја користеле ова како можност.

- Со новата програма фокусирана пред се кон подобрување на моментот на маркетинг на амбалажата ќе се придонесе кон натамошно јакнење на овој позитивен тренд, а тоа ќе биде надополнето и со директните плаќања што ги анализираме за субвенционирање на земјоделството како и преку поддршката со кофинансирање на 50 проценти од трошоците за набавка на опрема која се користи во сите земјоделски сектори, истакна на прес-конференцијата портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...