Варуфакис убеден дека ќе биде постигнат договор со Еврогрупата

Атина, 17 февруари 2015 (МИА) - Грција е и ќе остане во еврозоната и еврозоната е неделива, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис по состанокот на Еврогрупата во Брисел.

На прес-конференцијата после состанокот, Варуфакис изрази оптимизам дека на крајот ќе биде постигнат договор, јави дописникот на МИА од Атина.

- Не се сомневам дека преговорите ќе продолжат и во следните неколку дена и оти на крајот ќе има договор кој ќе биде терапевтски за Грција, изјави тој и додаде дека целта на овие разговори била да се најде заедничка основа за создавање временска рамка од четири до шест месеци за да се постигне договор за долгорочен кредит за раст меѓу Грција, Еврозоната и ММФ.

Варуфакис рече дека вистинската причина поради која не дошло до договор било несогласувањето за суштината на програмата, истата онаа која не успеа да ја стабилизира Грција, создаде хуманитарна криза и реформите ги направи многу тешки за имплементирање.

Тој информира дека на состанокот претседателот на Еврогрупата Јерон Дијселблом и премиерот Алексис Ципрас се согласиле за потребата да почнат технички дискусии, со цел да се најде заедничка основа меѓу тековната програма и плановите на грчката влада за нов договор со Европа.

На состанокот на Грција и е даден рок до петок да побара продолжување на сегашната финансиска помош во рамките на програмата која истекува на 28 февруари, или да се соочи со можноста да ги изгуби средствата што ги чека.

Варуфакис рече дека Владата ќе ги продолжи разговорите во текот на следните неколку дена, без оглед на ултиматумот од нејзините партнери. Тој информира дека во текот на денот, еврокомесарот за економски и монетарни прашања Пјер Московиси му покажал текст од коминике кое тој би го потпишал, но оти непосредно пред почетокот на состанокот на Еврогрупата текстот бил повлечен и заменет со друг документ кој не може да прифати.

- Не се сомневам дека во следните 48 часа Европа ќе се обедини и ќе најдеме заеднички јазик со цел изготвување предлог, и да почнеме со вистинска работа која е неопходна, рече грчкиот министер за финансии.

Московиси сепак, истакна дека „нема алтернатива на продолжување на сегашната програма“. Тој ја повика грчката Влада да побара продолжување, додавајќи дека ќе има „флексибилност на краток рок“.

- За време на продолжувањето, ќе имаме време да работиме на деталите. Треба да бидеме логични, не идеолошки, истакна еврокомесарот и додаде дека „грчките власти на нивните соговорници не им дале детали за нивниот предлог на техничкото ниво од дискусиите, особено во однос на 70-те отсто од меморандумот за кои Грција вели дека ги прифаќа и 30-те проценти што ги одбива“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...