Грчкиот предлог за продолжување на европското финансирање ќе биде одобрен

Атина, 19 февруари 2015 (МИА) - Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изрази убеденост дека грчкиот предлог за продолжување на европското финансирање, што Атина јасно го разграничува од „меморандумот“ или сегашната спасувачка програма за Грција од 2010 година, што е задолжена со мерките за штедење, ќе биде изгласан на утрешното заседание на таканаречената Работна група на еврото (Euro Working Group), што е  подготвителна инстанца на еврозоната, пренесе грчкото национално радио.

Официјална Атина се очекува денеска да го испрати своето барања до институционалните партнери од ЕУ. Извор од еврозоната за грчката агенција АНА-МПА изјави дека доколку денеска се испрати барањето, тоа ќе биде разгледано од Работната група на еврото.

Варуфакис, од своја страна, кажа дека очекува на заседанието на Работната група да се постигне решение, кое ќе ги задоволи и двете страни.

- Консултациите покажуваат дека има знаци за приближување во позициите. Верувам дека во петок грчкиот предлог преку телеконференциска врска ќе боде одобрен на заседанието на Работната група на еврото, дополни грчкиот министер за финансии.

Тој појасни дека грчкото барање за продолжување на европското финансирање денеска може да биде предмет на анализа на експертско ниво во Работната група, а решенијата за него да бидат донесени во петок.

- Нема друг избор освен останувањето на Грција во еврозоната, изјави еврокомесарот за економски и валутни прашања Пјер Московиси, истакнувајќи дека актуелната програма за Грција е програма за помош на земјата.

„Нема кредитен договор за Грција, туку има програма за давање финансиска помош за земјата“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Грчкиот владин портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека барањето на Атина за продолжување на европското финансирање ќе се потпира на текстот на спогодбата, предложен од Пјер Московиси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...