Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ е дециден

Нема девалвација на куната

Загреб, 5 март 2015 (МИА) - Хрватска не треба да размислува за девалвација на својата национална валута - куната, бидејќи еден таков чекор ќе им наштети на граѓаните и компаниите без да ја подобри конкурентноста на бизнисот, изјави денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Германските консултанти на најголемата опозициска партија, конзервативната Хрватска демократска заедница, неделава во Загреб го претставија планот за реформи и притоа ја споменаа девалвацијата на куната како една од можните мерки.

Овој став на ХДЗ веднаш ја заживеа старата дебата за тоа дали куната, што беше воведена две години откако Хрватска стана независна држава во 1991 година, има преценет курс и поради тоа го задушува бизнисот што е ориентиран кон извоз.

Разменувачкиот курс на куната е нешто што Хрватска и нејзината централна банка веќе 20 години со леснотија го одржуваат. Но, влоговите се големи и ние не треба да си играме игри со куната. Никогаш нема да го направиме тоа, изјави Милановиќ на заседание на владиниот кабинет.

Пред хрватскиот социјалдемократски премиер годинава претстојат избори на одгласите за рецесија што тлее уште од 2009 година и невработеност од околу 20 проценти.

Девалвирањето на куната на луѓето ќе им создаде проблеми, бидејќи ќе треба да земаат заеми во евра. Долгот на граѓаните и компаниите експресно ќе се зголеми, цената на увезените стоки ќе скокне и нашата
куповна моќ ќе се намали, објасни Милановиќ.

Тој ги повика сите оние кои со леснотија зборуваат за девалвација на куната да помислат за влијанието на нивните зборови врз странските инвеститори, монетарната стабилност, довербата во Хрватска и способноста на нејзината централна банка да продолжи да го прави тоа што досега го правеше без проблеми.

Хрватска е должна некогаш да го воведе еврото, но за тоа нема краен
рок и според аналитичарите тоа нема да се случи пред 2020 година, со оглед на високиот јавен долг од 80 проценти од БДП и високиот буџетски дефицит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...