Рускиот гас сега нема алтернатива

Москва, 5 март 2015 (МИА) - Бугарија во моментов не гледа алтернатива на испораката на руски гас за Европа, изјави денеска во Москва бугарскиот вице-премиер Ивајло Калфин.

- Европа се обидува да ги ограничи испораките на руски гас, но во овој момент за него нема алтернатива. Тоа не е само мој став, туку и став на Владата на Бугарија, изјави Калфин, кој престојува во посета на Русија.

Калфин смета дека нема никаква економска оправданост за намалување на обемот на испораки на рускиот гас за Европа, потсетувајќи дека Русија сега задоволува околу 40 проценти од потребите за енергенсот на европските потрошувачи.

- Треба да работиме заедно и да обезбедиме најповолна испорака на рускиот гас во Европа, потенцира Калфин.

Според него, Бугарија е принципиелно заинтересирана да добива руски гас и да биде транзит на енергесот до другите земји-членки на ЕУ.

- За нас би било најдобро доколку рускиот гас за ЕУ се испорачува преку Бугарија, нагласи Калфин.

Тој сепак потенцира дека потрошувачката на руски гас во Бугарија не е „толку голема - 3,5 до четири милиони метри кубни годишно“, па Софија е подготвена и да разгледа алтернативни извори на енергенсот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера по средбата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Софија, изјави дека Бугарија се залага за одмрзнување на проектот за изградба на гасоводот „Набуко“, поточно на делот што минува низ нејзина територија.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека Бугарија заедно со Азербејџан пред Европската комисија ќе презентира предлог за возобновување на проектот „Набуко“.

- Во овој случај имаме проект („Набуко“), кој е и про-НАТО и европски и во кој со години инвестиравме пари, изјави Борисов, додавајќи дека Бугарија би имала полза од изградбата на гасоводот, кој воедно на земјата ќе и обезбеди стратешка предност.

Гасоводот „Набуко“ е замислен како алтернатива на испораката на руски гас за Европа и тој треба да пренесува гас од Азербејџан, преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...