Би-Би-Си: Шест од десет млади Косовци се невработени

Приштина, 25 март 2015 (МИА) - Масовниот егзодус на граѓаните на Косово го сврте вниманието и на големите светски медиуми, меѓу нив и сервисот на Би-Би-Си.

-Ние сме два милиони птици во кафез со надеж за подобар живот,- вели млад Косовец за Би-Би-Си, во истражувачката сторија на новинарот Гај Де Луни,во која се содржани и изјави со слична содржина и од други млади лица.

Според Би-Би-Си,иако Косово независност од Србија проглсило пред седум години, многу малку останало за радост во оваа земја. Косово повеќе не е со најголем процент на невработеност, тоа сега е Босна и Херцеговина, но според статистиката која ја пренесува Би-Би-Си, шест од десет млади Косовци се невработени.

Министерот за интеграција Беким Ќолаку за Би-Би-Си изјавил дека „сите кои го напуштиле Косово треба да се вратат назад“. Тој ги советува  младите Косовци  илеглано да не одат никаде.

- Доколку младите одлучиле да ја бараат среќата надвор од Косово, тие треба  да се ангажираат заедно со нас да овозможиме либерализација на визниот режим, со цел да профитираме слободно движење низ Европа, изјави Ќолаку.

Но, според Би-Би-Си голем број граѓани на Косово дури и не може да замислат соработка со косовската влада, бидејќи тие кон неа чувствуваат само презир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...