„Техникал текстајлс“ почнува со работа и 600 нови вработувања, наскоро потпишување договор за инвестирање со „Амфенол“

Штип, 29 март 2015 (МИА) -  Наскоро ќе почне со работа фабриката на „Техникал Текстајлс“ која обезбедува најмалку 600 вработувања, а наскоро ќе биде потпишан и договор со компанијата „Амфенол“ за нова фабрика во ТИРЗ Виница, во која треба да се вработат околу 2.000 лица, најави денеска премиерот Никола Груевски на народниот митинг што се одржува во Штип.

- Кога сме кај Штип, како што спомнав германската компанија Техникал Текстајлс, инвестиција која само во првата фаза е во висина од 15 милиони евра и со која се предвидени најмалку 600 вработувања, не информираше дека во вториот квартал, значи во мај-јуни годинава, поточно за месец и пол до два од сега, ќе ја отвори својата фабрика и ќе започне со работа и вработувања, рече Груевски.

Додаде дека пред неколку недели објавиле оти американската компанија „Амфенол“ во Кочани, каде веќе работат околу 400 лица, донела одлука за префрлање на шест свои дивизии во Македонија и тоа во ТИРЗ Кочани-Виница.

- Висината на оваа инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра и се предвидени околу 2.000 нови вработувања. Денеска сакам да објавам дека во вториот квартал на годината, значи за 2 до 3 месеци од сега ќе се подготвува и официјално потпишување на договорот со оваа компанија и веднаш потоа почеток на градба на нивните капацитети и реализација на новите вработувања, рече македонскиот премиер додавајќи дека тоа е добра вест за Кочани, Зрновце, Виница, Блатец, Каменица и целиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...