Грција ги продолжува преговорите со кредиторите кои не се задоволни од мерките

Атина, 30 март 2015 (МИА) - Претставници на Грција и нејзините кредитори денеска веќе трет ден ги продолжија разговорите во Брисел со цел постигнување договор за реформите со кој би се одблокирала финансиската помош за Атина.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас денеска изјави дека разговорите во текот на викендот биле „конструктивни“, но оти не е постигнат договор. Тој додаде дека технички тимови на институциите ќе треба да спроведат дополнителни проверки на факти во Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчки владини извори изразија задоволство од текот на преговорите кои почнаа во петокот, кога Грција ја поднесе својата листа на фискални и мерки за реформи. Тие истакнаа дека постојат некои разлики меѓу двете страни, но оти технократите ги разгледуваат предлозите „точка по точка“, во обид да постигнат заеднички јазик.

Меѓу клучните точки за кои постои несогласување се неподготвеноста на Грција во моментов да разговара за пензиските реформи, приватизацијата и кои мерки ќе се преземат за справување со затајувачите на данок со цел зголемување на приходите.

Во исто време, германските медиуми, чии извештаи се пренесуваат во Грција, пишуваат дека преговорите меѓу Атина и Брисел за новата транша од 7,2 милијарди евра не успеале, иако изминатиов викенд била една од последните шанси Грција да се спаси од банкрот.

Кредиторите сметаат дека грчките предлози не се доволни и оти треба да се „дотераат“. Учесниците во преговорите во Брисел соопштиле дека се уште не постои употреблива основа за преговори и оти грчката Влада, наместо листа со реформи, поднела само низа документи во електронска форма и тоа на мобилни телефони. Списокот бил само на грчки јазик, а грчките претставници го изнеле и усно.

- Листата не е кредибилна, изјавил еден дипломат од ЕУ за германската агенција ДПА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...