На странците ги продаваме изворите за вода

Англичаните на Хрватите ја затвoраат водата!

- Дуропак е продаден на фирмата ДС Смит и постои загриженост дека Англичаните, кога ќе ја преземат фирмата и ќе ги видат долговите на Хидробел, ќе ја запрат испораката на вода во Белишќе, Валпово и општината Маријанци – изјави Динко Буриќ застапник на ХДССБ овие денови во екот на разгорување на аферата питка вода. 

Таа негова изјава која треба да ѕвони за тревога во цела Хрватска, бидејќи собранискиот пратеник фактички призна дека изворите за вода ги продаваме на странци, падна во втор план поради медиумското инсистирање на политизираност на судирот меѓу ХДССБ (Белишќе) и ХДЗ (Валпово).

Др. Милиша: Тоа е скандал над скандалите!

Дали странските сопственици наскоро масовно ќе го затворат дотокот на вода за Хрватите, т.е. дали во догледно време ќе ги купат сите извори на вода во Славонија? Зошто од хрватската јавност се крие дека странци ги купуваат изворите на вода и што државата следно ќе даде на продажба: шумите, островите, националните паркови, пристаништата, чистиот воздух... бидејќи нема да може да го плаќа стигнатиот странски долг, го прашавме професорот др. Златко Милиша, научник кој освен со социологија и педагогија, се занимава и со изучување на нуспојави на глобализацијата.

- Тоа е скандал над скандалите и морам да признаам дека не знаев дека Хрватска веќе ја продава својата вода на странците. Многу експерти тврдат дека питката вода денес е најголемо богатство, а не повеќе нафтата. Фактот дека Хрватска и БиХ според количината и квалитетот на водата се на самиот врв во Европа? Се чини дека ваквата продажба на изворите на вода, преку продажба на фирмите кои ги контролираат тие извори, е софистициран начин на продажба на хрватските води. Тоа значи дека наскоро можеме скапо да ја купуваме нашата вода од странците, бидејќи странци ќе бидат сопственици на хрватската питка вода! - предупреди др. Милиша.

Тој додаде дека единствени преостанати хрватски бисери се националните паркови, шумите и водите. Дали неспособната влада наскоро и тоа ќе го продаде на странци, поради се поголемиот надворешен долг?

Кој дозволи странците тивко да ги преземаат изворите за вода?
- Дали е можно ова да е тест, да се види дали може тивко да се почне преземање на хрватските води. Се плашам дека оваа алармантна состојба ќе остане во сенка на политичкиот судир меѓу ХДЗ и ХДССБ. Медиумите пишуваат за нивните препукувања, а никој не обрнува внимание на фактот дека Англичаните наскоро на славонските градови ќе ги затворат вентилите бидејќи не ја платиле скапата вода. Се прашувам кој им го дозволи ова сценарио, т.е. потпишување на договор според кој и изворите на вода се продаваат на странци?! Тоа е таа несреќна глобализација. Во Грција веќе масовно се продаваат островите. Тоа ни е најдобар пример до каде тоа може да оди – потенцира Милиша.

Потоа забележа дека Хрватска, откако своите банки скапо ги санираше па ефтино ги продаде на странци, е земја со најголема камата во Европската Унија.

Во Хрватска каматите се највисоки во ЕУ: затоа мора се да распродадеме!

- Кога некоја хрватска влада се спротивставила на тој терор? Поради банкарски криминал и лихварските камати, меѓу другото, ќе дојдеме и во состојба да бидеме принудени да ги продаваме шумите и водата. Мислам дека основниот хрватски проблем е тоа што на власт се европолтрони, кои одат по мислењето на Брисел. Но, наспроти се што е наведено, сепак сум оптимист. Забележав, имено, дека хрватскиот народ се освестува и дека сваќа што значи пеколен план на животот со долгови. Интернетот го направи своето и Хрватите денес знаат многу повеќе за задкулисните игри кои се случуваат во светот, за разлика од пред 10 години. Денес се многу повнимателни кон банките и почнуваат да стануваат против банкарското поробување. Верувам дека граѓаните на Хрватска нема само мирно да гледаат како им ги зимаат и последните ресурси – заклучи др. Милиша.

direktno.hr



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...