Варуфакис предупреди

Грчкиот излез од еврозоната може да биде заразен

Атина, 20 април 2015 (МИА) - Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека доколку Грција ја напушти еврозоната, ќе дојде до неизбежен ефект на зараза.

- Секој кој си игра со идејата за отсекување на делови од еврозоната надевајќи се дека остатокот ќе преживеат си игра со оган, изјави тој за една шпанска телевизија во интервју снимено пред десетина дена но емитувано синоќа.

- Некои тврдат дека остатокот од Европа се оградува од Грција и оти ЕЦБ има алатки на располагање со кои ќе ја ампутира Грција, ако тоа биде потребно, ќе ја санира раната и ќе и овозможи на остатокот од еврозоната да продолжи. Јас се сомневам дека тоа е така. Не само поради Грција, туку и за било кој дел од Унијата, рече Варуфакис.

Според него, еднаш кога идејата дека монетарната унија не е вечна ќе влезе во умот на луѓето, почнуваат шпекулации за тоа „кој е следниот“.

Коментарите на грчкиот министер за финансии се снимени пред изјавата на претседателот на Европската централна банка Марио Драги, кој изминатиов викенд рече дека еврозоната е подобро подготвена отколку што беше во минатото за да се справи со новата грчка криза, но предупреди на „непознати води“, ако ситуацијата се влоши.

Левичарската влада на Грција се обидува да преговара за договор со кредиторите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за да ја одблокира следната транша од помошта во вкупна вредност од 240 милијарди евра. Министрите за финансии на Еврозоната во четвртокот минатата недела и дадоа на Атина рок од шест работни дена да го претстави ревидираниот план за економски реформи. Министрите за финансии на еврозоната ќе се сретнат на 24 април за да одлучат дали ќе ги отклучат средствата за итни случаи за да ја одржуваат Грција во живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...