Вонредни состаноци на Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле

Одобрено е склучување на Анекс на Спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија АД Скопје (ТММК) кон Македонски Телеком

Одборите на Директори на Македонски Телеком АД-Скопје и на Т-Мобиле Македонија, на вонредните состаноци одржани на 20 Април 2015 година, одобрија склучување на Анекс на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија АД Скопје кон Македонски Телеком, првично одобрена и склучена на 31 октомври 2013 година. Во согласност со Анексот на Спогодбата за присоединување, деловните активности на Т-Мобиле Македонија, како Друштво коешто се присоединува, ќе престанат заклучно со 30 Јуни 2015 година.

Спогодбата за присоединување и Анексот на истата ќе бидат предмет на конечна потврда од страна на Собранијата на двете Друштва, коишто треба да го одобрат присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, со што ТММК ќе престане да постои.

Одборот на директори на Македонски Телеком на својот состанок го одобри и новиот Предлог за усвојување на нов Статут на Друштвото, којшто ќе биде со примена од 1 Јули 2015 година, по усвојување на истиот од страна на Собранието на МКТ. Претходниот Предлог за нов Статут на Друштвото беше составен дел на првично склучената Спогодба за присоединување на ТММК кон МКТ. Новиот Предлог за усвојување на нов Статут на Друштвото произлегува од одобрувањето на склучување на Анексот на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, во кој се менува датумот на кој ќе престанат деловните активности на TMMK, како резултат на што се менува и датумот од кој ќе се применува новиот Статут.



Одборите на Директори донесоа Одлука за одобрување на спроведување на најавената интерна истрага во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

На вонредниот состанок, Одборот на Директори на Македонски Телеком го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за Претседател на Одборот на директори, со мандат од 21 Април 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...