ССК ја зајакнува соработката со МАНУ

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Македонската академија на науките и уметностите.

Меморандумот подразбира размена на информации, стручни анализи и заеднички научно-истражувачки проекти, како и интензивирање на соработката во доменот на законската регулатива. Преку искористување на потенцијалот, двете институции ќе работат во насока на развој на значајните сектори за економскиот напредок како што се енергетиката, инженерството, градежништвото.....

Двете страни оценија дека се работи за исторички чекор кога се спојуваат науката и бизнис секторот, бидејќи соработката меѓу овие две сфери е модел за стабилна економска иднина.

- Состојбата во овие две сфери - науката и стопанството да бидат подолго време оддалечени една од друга повеќе не може да се толерира бидејќи и едната и другата сфера трпат поради ваквата оддалеченост, рече претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски. 

Претседателката на ССК, Данела Арсовска оцени дека денешното потпишување е историски чекор бидејќи, како што рече, науката и бизнис секторот се спојуваат на едно место за повисоки цели.   

Според координаторот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Таки Фити, денешното официјализирање на соработката требало да се случи многу порано. 

Потпишувањето на меморандумот беше инициран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...