Спасов ги посети пензионерите кои се на бесплатен викенд во Дојран

Дојран, 26 април 2015 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски и градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов денеска ги посетија пензионерите, кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во Дојран.

- Грижата за пензионерите е наша обврска и должност, меѓутоа во исто време и наша заложба и задоволство да им овозможиме достоинствен живот на пензионерите. Квалитетниот живот во третото доба е определба на Владата и со реализација на низа проекти тоа и го потврдуваме, рече Спасов.

Проектот за бесплатен туристички викенд почна да се реализира оваа година, опфаќа два полни пансиони со бесплатен превоз и чини околу 7 милиони денари.

- Во соработка со Сојузот на пензионери продолжуваме да ги реализираме позитивните проекти за поквалитетен и достоинствен живот на корисниците на пензија и во рамки на зголемување на пензиите и во рамки на реализација на бесплатни проекти како што се бањско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд и други, со кои значително се подобрува животот на корисниците на пензија, нагласи Спасов.

Претседателот на Сојузот, Аргировски изрази благодарност за досегашната поддршка на пензионерите во нивното севкупно живеење.

Оваа година преку проектот ќе бидат опфатени 3.000 пензионери, кои што ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатен туристички викенд во Дојран, Охрид, Струга, Берово, Преспа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...