ССМ годинава со марш на солидарноста ќе го одбележи 1 Мај

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија годинава ќе го прослави 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот со марш на солидарноста на кој ќе биде прочитан првомајски манифест со пораки за колективни договори за сите, сигурни работни места и сигурни плати за работниците. 

Маршот ќе почне напладне од пред зградата на ССМ по што учесниците ќе поминат покрај Собранието на Република Македонија.

- Сојузот на синдикатите на Македонија годинава со оваа манифестација активно ќе се вклучи во вкупните активности што ќе ги реализираат ITUC и ETUC, а кои ќе бидат фокусирани на обезбедување на колективни договори за сите работници, односно и таму каде што ги нема. Активностите во текот на годината ќе бидат насочени и кон обезбедување на сигурни работни места, работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески во интервју за МИА што целосно ќе биде објавено во петок.

Во интервјуто Митревски се осврнува и на придобивките од примената на неколку закони што беа донесени како резултат на нивните кампањи организирани изминатите години по повод Меѓународниот ден на трудот, а говори и за неговиот петгодишен мандат и за претстојниот конгрес на ССМ на кој ќе се избира нов претседател на оваа организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...