Рекордно количество електронски отпад во светот

Сараево, 27 април 2015 (МИА)  - Во текот на минатата година на депониите ширум светот завршило рекордно количество електронски отпад. Најмногу отпад генерирале токму земјите кои најмногу се фалат со својата развиена еколошка свест.

„Светот се дави во сопствениот отпад, поточно електронскиот отпад. Цената на технолошката револуција доаѓа и во форма за која многу малку се зборува, а тоа е сметот. А неговата лавина се заканува сите да не затрупа“, известува телевизијта „Ал Џезира Балканс“.

Само во текот на минатата година, на депониите завршиле речиси 42 милиони тони таканаречен е-отпад, што главно го сочинуваат фрижидери,  машини за перење облека и други апарати за домаќинство со изминат рок на траење.

Станува збор за 1.150.000 големи камиони, што, кога би ги наредиле еден зад друг, ќе формираат колона од 23.000 километри.

Според истражувањето на Обединетите нации, само малку помалку од шестина од овој отпад се рециклира.

Во споредба со 2013 година, кога беа генерирани 39,8 милиони тони е-отпад, со ова темпо прагот од 50 милиони ќе може да се достигне до 2018 година.

На листата на најголеми глобални создавачи на е-смет е Норвешка со 28,4 килограми по глава на жител.

Следат Швајцарија, Исланд, Данска, Велика Британија, Холандија, Шведска, Франција, САД и Австрија.

Регион со најмалку електронски отпад по глава на жител  е Африка, каде има само 1,7 килограм по жител. Таму целиот континент генерира помалку од два милиона тона отпад.

Во контекст на количеството, најмноги ваков вид отпад настанува во Кина и САД, вкупно 32 отсто од електронскиот одпад во целиот свет. Потоа следат Јапонија, Германија и Индија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...