Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Скопје, 18 мај 2015 (МИА) -  Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30 следниот месец меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени во роаминг, оцени денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.  



Според потпишаната Спогодба помеѓу четирите држави, македонските државјани од 30 јуни при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за минута разговор во роаминг  ќе плаќаат 17,9 денари. Поевтинувањето на разговорите е за 73 отсто, додека цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5, 6 денари за порака.

За регулацијата на електронските комуникации, регулаторните мерки и помош за поттик на развојот на нови технологии, како и новите услуги за сите корисници на оваа индустрија се дебатира на тридневната Меѓународна регулаторна конференција што се одржува од денеска во организација на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК).

Македонија и соседните држави, изјави Ивановски, успеаја многу побргу од Европската унија да се усогласат за роаминг тарифата.

- Ние заедно со нашите соседи одговоривме на тоа што го прави ЕУ, кај нив  се уште не е усогласено кога ќе биде роаминг  тарифата  за 28-те држави членки на ЕУ, а ние успеавме да направиме наш регулаторен пазар  заедно со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,  кај што почнувајќи од 30 јуни граѓаните на Македонија ќе плаќаат драстично пониска цена за роаминг услуги кога ќе патуваат во овие земји. Успеавме како пријателски земји да го направиме ова многу побргу отколку што го има  направено ЕУ во своите 28 држави кои дискутираат  на оваа тема, изјави Ивановски.

Според него, собирот на регулаторите и двигатели на ИКТ секторот во Македонија е голема чест и уште еднаш ја покажува нејзината поставеност на мапата за развој на телекомуникаците. Последниот извештај од Светскиот еконоски форум докажа дека РМ со скок од 10 места се наоѓа на 47 место во глобалниот индекс за информатичко општетсво или скок од 20 места во изминатите две години, посочи Ивановски. 

На конференцијата  ќе се дискутира и за неутралноста на интернетот, а Македонија, како што рече Ивановски, останува на ставот дека за негова регулација во целиот свет  без оглед дали тоа е држава, тело, поединец, невладина организација. 

Конференцијата почна со состанок во АЕК помеѓу претставници од регулаторни тела во Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово,... Меѓународната унија за телекомуникации, на Бордот на директори на Европското тело на регулатори за електронски комуникации и на ИКТ индустријата од Македонија и пошироко. 

 - Темите ќе бидат иднината на ИКТ т.н. поврзан свет, како да се движиме кон крајната цел 100 милијарди поврзани средства, 6,5 милијарди поврзани луѓе. Тоа е иднината којашто доаѓа и во наредните денови ќе разговараме за неа, изјави Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Официјалното отворање на конференција е најавено за утре во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...