Бизнисот со заеднички предлог-мерки за излез од кризата

Скопје, 21 мај 2015 (МИА) – Бизнис заедницата заеднички иницира нормализација и стабилизација на економската и политичката криза во државава за што најавува и конкретни предлог-мерки кои ќе бидат доставени следната недела до Владата.

Лошата политичка состојба, оценија на заедничка средба раководствата на сите стопански комори, има негативно влијание врз стопанството, во делот на странските и домашните инвестиции, туризмот поради можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во државава. Ризикуваме, истакнува во иницијативата бизис-заедницата, од безбедносни причини да не се вратат и печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија.  Дополнително и опасноста од намалување на нивните депозити што во голема мера придонесуваат за макроеконската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви. Се понеатрактивни, оценуваат бизнисмените, стануваат нашите извозници чиишто производи завршуваат на пазарите на соседните земји.

- Со овие констатации првпат се согласуваат и опозицијата и власта, но тие не треба да дозволат главна цел да им биде ривалитетот во лоцирањето на едностраната вина за актуелната ситуација при што забораваат дека ја сечат гранката на која што седат бидејќи последиците ќе ги сносиме ние како компании, граѓаните, сите деловни субјекти и социјални категории, додека власта тоа ќе го почувствува откако ќе види дека државната каса е веќе празна, а впрочем веќе се согледуваат знаци што индицираат на тоа, изјави претседателот на Комората на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, соопштувајќи ја содржината на заедничката иницијатива. 

Како стопански комори што го претставуваат интересот на бизнис заедницата, се вели во инцијативата, оценуваме дека продолжената политичко-економска криза ќе ги намали нашите изгледи да ги превенираме опасностите, да ја браниме Македонија од банкрот или неизвесни сценарија за расплет на кризата која се повеќе е општествена.

Предлог мерките за излез од политичко економската криза  пред да бидат објавени треба да бидат одобрени од раководните органи на секоја од коморите.

Одговарајќи на новинарски прашања Кучи рече дека бизнис секторот е заедно во намерите и целите за стабилизација и нормализација на економската и политичката состојба во земјата. - Првин сакаме да го тргнеме елементот кој е генератор на кризата, а потоа да зборуваме за конкретни мерки кои ќе бидат  повеќе на макроекономски план, а потоа и на микроекономски план, рече Кучи.

Прашан за конкретни барања од бизнисот до власта истакна дека нивни вработени се подготвени да направат  компромис и да не бараат ниту зголемување на плати и ништо што е надвор од можностите на државата.  Тоа, како што рече, е насока која ни дава за право да размислуваме и околу ограничување на одредени популистички мерки кои  може да ги преземе Владата. Но, овој став не е официјален се додека не го хармонизираме како комори заедно, појасни Кучи.

Потенцирајќ дека нема област во која кризата не влијае порача дека се најважни инвестиците без кои нема развој и нови работни места.

- Ќе нема инвестиции доколку тапкаме во место и мислиме дека сме центарот на светот со некои наши ставови на политичарите затоа што како што гледате  на нас како бизнис заедници „сите секири ни сечат на исто место“  и повеќе се грижиме за нашата  иднина отколку некои политичари кои сметаат дека има време  за договарање. Сметаме дека нема веќе време за оддолговлекување. Време е сите да бидеме обединети и да сакаме не само декларативно добро на земјата,  туку и реално, изјави Кучи. 

Некои од инвеститорите, како што рече, веќе откажуваат инвестиции што биле пред потпишување. Инвеститорите, укажа, сакаат да заработуваат, но пред се внимаваат дали се безбедни и не сакаат хаотични состојби. - Сакаат да имаат пред се однапред позната легислатива според која ќе се придржува и оствари профит, а не да биде загрозен односно да мисли како утре да го повлече својот капитал, рече Кучи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...