Македонски компании претставени на над 20 странски пазари

Скопје, 22 мај 2015 (МИА) - Македонски извозни компании со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот го претставија своето производствено портфолио и капацитет пред повеќе од 20 земји. 

Презентацијата претставува трет циклус на директни Онлине видео средби помеѓу претставници на домашни извозно ориентирани компании и економските промотори.

Во рамките на овој циклус беа претставени Нутри Груп, Кенди, Алкалоид, Ларс Трејд, Ларс, Саитис, Коро и Јаболчело. 

- Средбата беше конструктивна, наша оценка е дека со ваквите средби ќе го зголемиме извозот на производи на сушено овошје (чипс од јаболка, чипс од праска и чипс од јагода). Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина и ќе придонесат за наша афирмација и зголемено присуство на странски пазари, изјави Филип Мировски, управител на компанијата Нутри Груп од Скопје.

Во рамките на овој проект се таргетираат компании од одделни сектори со потенцијал за присуство на странски пазари и крајна цел е зголемен извоз и пласман на домашните производи на странски пазари преку промоција на производното портфолио на домашните компании, а инпутот на економските промотори е да се запознаат со производите и капацитетите на домашните извозници и да помогнат во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите кои што ги покриваат промотерите.

- Радува огромниот интерес на домашните извозници за учество на ваквиот серијал средби чиј организатор и имплементатор е Агенцијата и она што заеднички го констатиравме со домашните извозници е дека ваквите средби се исклучително корисни од аспект што го зацврстуваат партнерскиот однос меѓу државата и стопанството и претставуваат ефикасна алатка за полесен пристап и претставување на домашните извозници на странски пазари, изјави Климент Шекеровски, заменик директор на Агенцијата.

Тој додаде дека проектот ќе продолжи континуирано да се реализира на квартално ниво и оти Агенцијата останува отворена за сите компании кои би сакале да учествуваат.

Од Агенцијата наведуват дека со ваков пристап опстојуваат на својата заложба Агенцијата да биде рамноправен партнер на македонските извозници и да продолжи со спроведување низа активности кои треба да им помогнат на домашните компании да остварат поголем пласман на своите производи на надворешни пазари што е еден и од приоритетите на владината економска политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...