Германскиот парламент одобри 86 милијарди за Грција

Германскиот бундестаг на вонредна седница по жестока дискусија даде зелено светло за новиот пакет помош, вреден 86 милијарди евра, кој е договорен во Брисел на почетокот на оваа седмица. За новиот пакет помош гласале 439, против биле 119, а воздржани 40 пратеници. Германија е една од неколкуте членки на евро зоната чиј парламент треба да даде зелено светло за пакетот помош за Грција, пред да почне помошта да се исплатува.



Пред гласањето во Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел имаше воведно излагање, каде во својот говор укажа на потребата на солидарност, компромис и понатамошна помош за Грција, за да повторо застане на нозе.

Меркел посочи дека еврото е повеќе од валута и оти на Европа и е потребна способност за компромис.

Германскиот вицеканцелар и шеф на Социјалдемократската партија, Зигмар Габриел во обраќањето побара крај на дебатата за „грекзит“, односно идејата Грција да ја напушти еврозоната. Министерот за финансии Волфганг Шојбле пак нагласи дека Грција досега не ги исполнила ветувањата и дека ова е последен обид „за решавање на тешката задача“. Претходно денеска, договорот го одобрија и парламентите на Шведска и Австрија, а во средата доцна вечерта тоа го стори и грчкиот Законодавен дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...