Британската војска се вклучува за решавање на „сообрќајната криза“ во јужна Англија

Лондон, 31 јули 2015 (МИА) - Британската армија ќе спроведе „копнена операција“ за да помогне во решавањето на „сообраќајната криза“ со која се соочува јужната англиска област Кент, предизвикана од влошувањето на ситуацијата со илегалните имигранти во францускиот град Кале, од другата страна на каналот Ламанш, тврдат лондонските медиуми.

Британското Министерство за одбрана не ја отфрла можноста за интервенција на припадниците на армиските сили, но негов неименуван претставник за медиумите изјави дека „целиот план е во својата рана фаза“, како и дека војската, сепак, нема да ја има главната улога.

„Кризата во Кент“ е предизвика откако штрајкот на околу 500 бродски работници на француската страна и нивната секојдневна блокада на приодните патишта кон тунелот под Ламанш, што ги „покрена“ илегалните имигранти кај Кале во обид за тајно префрлување во Велика Британија, предзвика целосен застој на магистралниот пат од Лондон кон пристаништата Довер и Фолкстон, кои се преполни со паркирани камиони.

Повеќе од шест илјади големи камиони се паркирани во три колони по автопатот М20, чекајќи разрешување на имигрантската криза во реонот околу Кале.

Секоја ноќ десетици имигранти од Африка и Азија се обидуваат да се пробијат до патиштата што водат кон влезот во желеничкиот тунел, обидувајќи се да ги избегнат полицијата и редарите во зоната на каналот, да ги прескокнат високите огради и да се натоварат на вагоните од транспортните возови.

Анкета на Би-Би-Си покажа дека најголемиот број од нив сакаат да се префрлат на британската страна од Каналот, по што уследи предупредувањето на премиерот Дејвид Камерон дека Велика Британија нема да се претвори во „рај за илегални имигранти“ и дека сите ќе бидат вратени назад.

Специјалната владина група за вонредни ситуации КОБРА. со која денеска претседава Камерон, расправа за „ситуацијата во Кент“ и за тоа како да се реши проблемот со камионите паркирани на автопатот.

Една од иницијативите е сите големи возила да се префрлат во реонот на малиот аеродром во Кент, од каде најчесто се вршат депортациите на непожелните лица од Велика Британија.

Најавата на британското Министерство за одбрана да се вклучи во сообраќајно-имигрантската криза, доаѓа по барањата на весниците во Лондон армијата да ги „заштити“ каналот и безбедноста на Велика Британија  од „напловот“ на илегални имигранти.

Лондонските весници ја критикуваат британската Влада дка реагира премногу бавно на ситуацијата, но ја осудуваат и Франција за „неснаоѓање“ и за мекиот став на Париз кон имигрантите во Кале и претходно, кон штрајкувачите на една бродска компанија, кои ги предизвикаа проблемите во екот на туристичката сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...