Германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе имаат состанок денеска во Берлин каде ќе разговараат за напорите на Европската унија да се избори со најголемата мигранстка криза во изминатите 50 години.
Покрај тоа, двајцата државници ќе разговараат и за судирите на исток во Украина и во текот на денот ќе им се придружи и украинскиот претседател Петро Порошенко.
По работната вечера, Меркел Оланд и Порошенко ќе имаат заедничка прес конференција.
Западни медиуми јавуваат повикувајќи се на француски извори, дека неучеството на рускиот претседател Владимир Путин во Берлин не значи дека постои „дипломатска војна против Русија“.