Унгарија обвинета за нехуман однос кон имигрантите

Будимпешта, 11 септември 2015 (МИА) - Видеоснимка од најголемиот мигрантски камп во Унгарија, на границата со Србија, ги покажува нечовечките услови, во кои се дели храната, изјавуваат волонтери, кои им помагаат на бегалците во кампот.



Како што јави Танјуг, записот, тајно снимен од австриска волонтерка, која во средата го посетила кампот во Роске, покажува околу 150 мигранти собрани во сала. Тие се туркнаат еден со друг во обид да земат кеси со сендвичи, кои им ги подаваат унгарските полицајци со шлемови и сантирани маски.

Во хаосот жените и децата се обидуваат да земат леб, кој лета во воздух, а во меѓувреме лицата, кои се во задните редови се обидуваат да го привлечат вниманието на оние кои ја делат храната.

- Сето тоа наликуваше на хранење на животни во трло, нешто како Гвантанамо во Европа, изјави Александар Шприцендорфер, чија сопруга Михаела го снимила видеото, објавено на Јутјуб синоќа.

Сопружниците, заедно со други доброволци носеле во кампот храна, облека и лекови.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...