УНХЦР: Шест причини поради кои бегалците одат во ЕУ

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци УНХЦР ја анализираше состојбата на Блискиот исток и дефинираа шест основни причини за бегалската криза во која милиони луѓе тргнаа по подобар живот, а многу од нив кон Европа.



На прво место е губење на надежта. За многу сириски бегалци, секоја ронка надеж дека состојбата во нивната земја ќе се промени на подобро, или дека на повидок се било какви решенија, едноставно исчезнаа. Чувството на небезбедност предизвикано е од лошите услови, очајот и безнадежноста.

На второ место е зголемената сиромаштија. Бегалците кои најдоа засолниште во Либан, се соочуваат со високи трошоци за живот, што е основна причина за напуштање на оваа земја, додека бегалците во Египет и Јордан, земји кои беа побогати од Сирија пред да почне војната во таа земја, велат дека не можат да си дозволат ни основни работи.



На трето место е ограничената можност за работа. Многу Сиријци во Јордан, Египет и Либан се борат да заработат за живот, но во тоа законски се ограничени. Бегалците во Ирак велат дека голем број интерно раселени ја намалуваат цената на трудот и ја зголемуваат конкуренцијата во курдистанскиот регион во Ирак. Во исто време, градежната индустрија во регионот речиси е замрена поради падот на цената на нафтата.

Недостигот на правни работи ги тера бегалците на црниот пазар на трудот, со што ризикуваат експлоатација, несигурни услови за работа и измамници кои не го исплатуваат заработеното. Покрај сето наброено, во некои кампови расте проблемот со проституцијата.



Бегалците можат да бидат казнети за работа на црно. Според новите прописи во Либан, бегалците мора да потпишат обврска дека нема да работат кога го обновуваат својот статус.

Четврта причина за масовно заминување во Европа е недоволната помош и здравствената заштита. Програмите за помош за бегалците и земјите кои ги примија во регионот постојано се соочуваат со недостиг на средства. Постоечкиот меѓународен план за бегалците од Сирија имаше само 41 отсто потребни средства за оваа година, што доведе до сериозни намалувања во бројот, количината и квалитетот на оброците, а за секој бегалец е предвидено нешто помалку од половина долар на ден за храна и вода.

Многу бегалци во Јордан на лидерите на УНХЦР рекоа дека рационализацијата на донацијата во храна била „капка која ја прелила чашата‟, па поради тоа одлучиле да го напуштат Либан. Многу од нив почнале да питачат и да ги изнајмуваат децата за работа.



Недостигот на средства довело и до влошување на здравствената заштита: во минатата година 23 отсто бегалци кои имале хронични болести немале лекови и контроли од лекари. Во 2015 година состојбата е уште подраматична: 58,3 отсто од нив немаат пристап до лекови и лекари.

Слаба можност за образование

На петто место, како што наведува УНХЦР се пречките да се обнови статусот во Либан и Јордан. Според новите прописи, бегалците кои дошле во Либан до 2014 година сега мора да платат 200 долари за да го обноват својот бегалски статус, па многу од нив се упатија во Турција. Исто така, од нив се бара да потпишат гаранција дека нема да работат и дека имаат потпишан договор за изнајмување на стан.



Поради тоа многу бегалци во Либан се чувствуваат загрозени и се плашат од апсење. Во Јордан, пак, според новите прописи, секој нов регистриран бегалец, мора да набави сертификат за здравствената состојба, кој чини 42 долари.

Како шеста причина за миграцијата, се наведуваат слабите можности за образование. Поради отежнетата состојба и влошените услови за живот во Јордан, 20 отсто деца кои се бегалци го напуштаат училиштето за да работат, додека во некои случаи девојчињата ги присилуваат да влегуваат во рани бракови. Се проценува дека околу 90.000 деца на училишна возраст со потекло од Сирија немаат никакво формално образование.

Во целиот регион сириските бегалци ја губат можноста за високо образование и ја губат надежта дека ќе имаат пристојна иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...