„Право“: Чесите киднапирани во Либан се живи

Прага, 7 октомври 2015 (МИА) - Петмината Чеси, кои во јули беа киднапирани во либанската долина Бека, се живи и се уште се наоѓаат во Либан, пишува чешкиот весник „Право“ повикувајќи се на доверливи извори од чешките безбедносни сили.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, адвокатот Јан Шварц, репортерите Мирослав Добеш и Павел Кофрон, војникот Мартин Псик и преведувачот Адам Хомси, се сметаат за исчезнати заедно со нивниот возач, локален жител, кога во напуштен автомобил беа најдени нивните лични документи.

Според изворот, во случајот постои поврзаност на киднапираните и Либанецот Ал Фајад, кој со уште двајца други, беше притворен во Чешка, заради илегална трговија со дрога и оружје и чија екстрадиција во САД е веќе извесна и се чека согласност од чешкиот министер за правда.

Во врска со Фајад, во Либан се појавија информации дека бил соработник на либанската воена тајна служба.

- Припадниците на чешката тајна служба не се воодушевени од тоа дека судот сака тројцата да ги испрати во САД. Така се намалува просторот за преговори во Либан. Нашите безбедносни служби сметаат дека тоа е огромна грешка, смета доверливиот извор на „Право“, кој е дел од тајните агенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...