Млада Сиријка: Да можев веднаш ќе се вратев во Сирија

Загреб, 21 октомври 2015 (МИА) - Да можев, веднаш ќе се вратев во Сирија, изјави за Би-Би-Си една млада Сиријка, која заедно со голема група бегалци и имигранти се наоѓа во еден импровизиран камп на хрватска територија, од каде чекаат за да бидат префрлени кон Словенија и Австрија.

Младата жена, чиј идентитет не е соопштен, не го крие своето незадоволство од состојбата во која се наоѓаат бегалците кои патуваат низ „балканскиот коридор“ и од постојаните расправии меѓу државите, кои еднаш ги отвораат, а пото, ги затвораат граничните премини, оставајќи ги луѓето на дождот и студеното време.

- Ова што ни го прават земјите од Балканот е навистина срамота. Веќе не е ниту важно кој е одговорен за сето тоа, изјавила во разговорот оваа жена.

Според британската јавна медиумска компанија, бегалската криза предизвика расправија меѓу Србија, Хрватска и Словенија, кои се обвинуваат меѓусебно за тоа кој е одговорен за тоа што илјадници бегалци и мигранти од Турција, преку Грција и Македонија, доаѓаат на српско-хрватската граница, во намера да продолжат натаму кон Австрија и Германија, но заглавуваат на премините.

Белград, Загреб и Љубљана и покрај напорите да им помогнат на луѓето, почнаа да се закануваат еден кон друг со подигнување бариери и огради или со испраќање војска на границите, прекорувајжи го првиот сосед дека не се придржува кон договореното и дека со тоа продонесува за застојот во трансферот на бегалците.

Најголем број од овие луѓе се Сиријци кои тврдат дека бегаат од војната во нивната земја, но има и Ирачани и Авганистанци. Дел од нив признаваат дека не бегаат само од војната, туку одат кон Западот во потрага по подобар и побогат живот, затоа што во нивните земји тоа не може да го добијат.

Владата на Унгарија, прва почна да гради огради од жица, по граничната линија, прво со Србија, а потоа и со Хрватска, добивајќи разбирање и подршка само од Чешка и Словачка, но сега и во Загреб се зборува дека би можело да се постави „некаков вид бариера“ на границата кон Србија.

Словенија забрзано подготвува закон за да префрли војска на границата со Хрватска и бара помош од ЕУ во средства и во дополнителни полициски сили за, како што велат властите во Љубљана, заштита на шенгенската граница.

Словенечките власти своите најнови потези околу бегалската криза ги оправдуваат и со реакциите во Австрија, тврдејќи дека Австријците почнале со ограничување на приливот на бегалците.

Австрискиот министер за внатрешни работи, меѓутоа, за Би-Би-Си изјави дека Владата во Виена засега „нема специфично определен лимит“ за приливот на бегалци и мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...