Брисел блокиран поради антитерористички операции

Брисел, 16 ноември 2015 (МИА) - Белгиската полиција претпладнево почна антитерористичка операциа во бриселската населба Моленбек-Сент Жан, која се смета за „легло на радикалните исламисти“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, огромен број маскирани полицајци во целост ја затворија за сообраќај улицата „Рансфор“, околу која се распоредени противпожарни возила. Припадници на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи блокираа една зграда во оваа улица, од чии станари бараат да ги тргнат завесите од прозорците и да ги напуштат своите домови со кренати раце во воздух.

Белгиската национална телевизија РТБФ, првично јави дека во оваа операција на полицијате е уапсен Салех Абдеслам, брат на Брахим Абдеслам, кој се саморазнесе при еден од нападите во француската престолнина, но потоа ја демантираше таа информација

Полицијата претпоставува дека Салим Абдеслам директно им помагал на осумтемина терористи при нападот на шест локации во Партиз во петокот, при што загинаа повеќе од 120 лица.


Белгиското Министертсво за внатрешни работи соопшти дека најверојатно „мозок“ на терористичката акција во Париз, зад која официјално застана групата Исламската држава (ИД), бил извесен Абдулхамид Абаоуд, кој исто така потекнува од населбата Моленбек- Сент Жан.

Во исто време, поради претрес на сомнителни возила во кои е можно да има бомба, белгиската полиција ги затвори и улиците во близина на институциите на Европската унија, но и на македонската Амбасада и Мисија при ЕУ, кои и во моментов се уште се блокирани.

По тероритисчкиот напад во Париз во петокот вечерта, викендов белгиската полиција изврши рации и претреси на домови во Моленбек-Сент Жан, како и на други локации, по сознанието дека најмалку двајца од терористите што убија повеќе од 130 лица во Париз, поттекнувале токму од оваа бриселска населба.

Претходно, по терористичкиот напад врз редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз на почетокот на оваа година, белгиската полиција успеа да неутрализира терористичка ќелија во градот Вервие на границата со Германија, каде беа убиени неколку терористи, а повеќемина беа уапсени, кои за неколку часа планирале да започнат напади врз полицајци и полициски станици ширум Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...