Руски воен авион Су-24 соборен на границата меѓу Турција и Сирија

Москва, 24 ноември 2015 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот Су-24 е соборен на границата меѓу Турција и Сирија.

Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случило со нив.

- Су-24 на руската авијација паднал на територијата на Сирија по истрелување ракета од земја. Авионот се наоѓал во воздушниот простор на Сирија на висина од 6.000 метри, се наведува во соопштението.

Двајца пилоти најверојатно успеале да се катапултираат, и да го напуштат леталото пред експлозијата, а според Си-Ен-Ен, авионот го соборила турска војска, откако претходно го нарушил турскиот воздушен простор.

Воениот авион, што Турција го собори на границата со Сирија е леталото Су-24 од руско производство, соопштија извори од претседателството на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил информиран за случајот од страна на началникот на Генералштабот на армијата генерал Хулуси Акар, пренесе Анадолија.

- Странскиот авион, соборен од Турција во близина на сириската граница денеска, го нарушил воздушниот простор, и покрај тоа што бил предупреден десет пати во интервал од пет минути, соопшти турската армија во соопштение.

- Два турски ловци Ф-16, што патролирале по границата, учествувале во соборувањето на авионот, чие потекло не е прецизирано, се посочува во соопштението. 

Според Русија, меѓутоа, рускиот Су-24 бил соборен од артилериски оган. Москва негира дека авионот ја пресекол границата на Сирија кон турскиот воздушен простор.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги проучува околностите околу катастрофата. Министерството за одбрана сака да посочи дека авионот бил над сириска територија преку целиот лет, се наведува во соопштението.

Турските телевизии, емитуваа снимки, на кои се гледа како двајца пилоти катапултираат. Според сириската Опсерваторија за човекови права, судбината на пилотите засега не е позната.

- Руски хеликоптери во моментот го истражуваат реонот, каде пилотите се приземјиле, посочува Опсерваторијата.

Си-Ен-Ен Турк, меѓутоа, цитирајќи локални извори, објави дека еден од пилотите бил во рацете на туркменските сили во Сирија, кои се во потрага и по другиот пилот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...